петок, 2 јануари 2009

среда, 19 март 2008

Assassin`s Creed

Ubisoft-овата франшиза, Prince Of Persia, ретко кој не ја играл. Вие кои што ја немате играно уште веднаш да ви кажам дека МОРА да ја играте.. Сеа ќе си речете , овој се враќа у времето и му се играат игри стари повеќе од 2-3 години. Ама не е така. Ова беше вовед за тоа што се вика Assassins`s Creed. Оваа игра на многумина им наликува на горепишаната Prince Of Persia, ама воопшто не е така како што изгледа. Верзијата за XBOX 360, која излезе накаде околу новогодишните празници, беше и уште е, рај за очи, вистинси „гламур“ за вашите домашни LCD, иако не е лоша и на обичните домашни CRT телевизори. Играва ве носи во улогата на Алтаир, којшто е денешен лик, односно , човек од нашава ни реалност. Тој ќе биде изложен на некој експиремент за телепоратација и ќе биде вратен во времето на крстоносните војни и времето на големите предаства во X и XI век. Неговата задача ќе биде да извршува убиства на големите водачи. Спојот на Hitman, Prince Of Persia и оригиналниот систем за движење на вашиот лик секако, дека ќе ја смести во најбараните игри на пазарот за PC. Kога сме веќе, кај нашите ценети компјутери, верзијата се очекува на пазарот околу април, а веќе демото беше објавено на официјалниот сајт на Ubisoft.. Bug-овите беа неоспорен дел, ама за еден месец колку што ни преостанува, са надевам дека ќе го средат тој проблем. Ако сакаат да им биде најпродавана :)). Овој текст беше само најава за тоа што не очекува и за тоа што треба да направиме овој месец.. Нормално, мислам да штедиме (колку тоа лесно звучи) и да направиме еден солиден upgrade на нашиот ценет PC.. За околу месец чекам на импресии од играва..

Вест

Почитувани, уште одма да ви кажам дека моите постови што ги објавив предходниов месец , а беа моите текстови од ЕНТЕР- Списанието кое сите го разбираат, го завршуваат моето поглавје со објавување на постови од списанието. . Имено, тоа се однесува поради фактот, што договорот за авторски права го има Ентер, а не јас.. Во секој случај, ќе ве известувам најблаговремено за светскиве ИТ новости. Сепак два текста месечно да постирам се малце, нели :))).. Тоа беше од мене па се читаме.. Поздрав

четврток, 14 февруари 2008

LG VX 8550 Chocolate



МАМО, МОЖЕ УШТЕ ЕДНА КОЦКИЧКА...ЧОКОЛАДО?

Од насловов можно е многу работи да ги заклучите, или барем би можеле да ги претпоставите. За што ли можел авторот да пишува? Сигурно не би пишувал за Милка или Нестле чоколада (пред малку ја изедов Милката), него, знaете ли што е тоа чоколаден мобилен телефон? Тоа е мобилен што е потопен во чоколада и е спремен да го изедете. Би требало да е така, ама не. Сега уште едно прашање: се сеќава ли некој на LG KG 800? Слаткото, убаво, неодоливо искушение на LG. Неговото новородено братче (спакувано чоколатце), ќе имате можност да го запознаете одблизу во “списанието кое сите го разбираат”. Тоа се вика LG VX 8550 Chocolate.

LG VX 8550 е новиот 3G мобилен телефон на мегапопуларната чоколадна серија на уште попопуларната и екстремно продуктивна корејска компанија LG. Иако постарото братче веќе има една година, не е многу поразлично од неговото новородено братче. Сепак, крвта не е вода, нормално е да си личат. Несомнено, е дека мораат да се пишуваат разликите и сличностите и на двата модела (иако ги има еден куп такви), сепак, чоколадната серија е таа што ги поврзува. LG VX 8550 го има она што го имаше и неговиот предходник, тоа по што ги прави уникатни, а тоа е тастатурата и екранот осетливи на допир (touch screen). Ако со постариот можно е да сте имале извесни проблемчиња, со навигација низ менито, поради не толку преосетливата тастатура, со новиот VX 8550, тоа е средено. LG вметнал вибрациски момент (feedback) т.е кога ќе треба тастатурата да биде осетлива, исто така и вие ќе го осетите копчето под вашиот прст, и ќе знаете точно дали сте притиснале, без да ги почувствувавте на своја кожа, можните фрустрации. Уште нешто по што е уникатно чоколадото, е слајдерот. Тој е толку упростен, тивок и лесен (без поголемо напрегање на вашиот прст ќе го придвижите), што не беше случај со постариот модел. Уште оваа сличност/разлика ќе ви ја кажам и нема веќе, па нели LG VX 8550 е уникат сам за себе. Ако во луксузно спакуваниот пакет на LG KG 800, имаше, футрола, резервна батерија, полнач, USB кабел ,CD со софтвер и стерео слушалки, во LG VX 8550 нема да има скоро ништо од тоа, освен луксузно спакуваниот пакет и резервната батерија. Ако сакате да ги имате и останатите работи, ќе можете да бирате меѓу Music Set и Music Essential, кои ќе ги платите прилично скапо (не ви ја откривам цената). И двата сета би можеле да ви се исплатат, ако сакате Bluetooth стерео слушалки и 4GB microSD мемориска картичка. Ваше е да одберете. Сепак, неизоставно морам да кажам дека телефонот има интерна меморија од 62 МB. Димензиите на LG VX 8550 се 97x47x17mm. Oпишувајќи ја touch screen тастатурата, заборавив да нагласам дека има и механички џојстик, сличен на iPod, со што повторно е запазена touchscreen архитектурата. Задниот дел е наменет за 1.3 мегапикселната камера (читај подолу), а на десниот дел има слот за мемориска картичка и shortcut копче, наменето за mp3 плеерот.Чоколадото од надвор е слатко, но внатрешноста е приказна сама за себе. Големиот 2.2 инчен екран е просто вчудоневидувачки. Покажува 262 К бои, со резолуција од 240x320 пиксели, вклучувајќи 11 линии за пишување на текст. Гледањето на сликите и видео материјалите се вистинско задоволство и уживање, доколку не е изложен на сончева светлина. Можете да менувате теми, фонтови и формат на часовникот. Моќниот МP3 плеер и моќниот звучник, се уште една одлика на слаткото чудо. 1.3 мегапикселната камера е исто така уште една гордост на LG VX 8550. Вклучува три модови на сликање: обична слика (со резолуција од 1280x960, 640x480, 320x240), self-timer и снимање видео. Квалитетот на сликата е прилично зачудувачки совршена.White balance-от и ефектите за боја не се однесуваа негативно на квалитетот на сликата, напротив, сликата со овие опции беше жива и полна со детаљи. Постои и 2х zoom за сликите со помала резолуција. Видео рекордерот е квалитетен но не може многу да се очекува од 1.3 мегапикселната камера. Како помошно средство на камерата е блицот. Сепак, поддржани се MPEG4, MOV и 3GP форматите. Медија плеерот ги поддржува mp3, WMA, AAC форматите и има предефинирани стилови во еквилајзерот, визуелизации, а ја има и можноста за креирање на сопствени плејлисти. Како дополнителни, но сепак нормални функции се вклучени 500 броја во именикот, калкулатор, caller ID, MMS, world clock, e-mail, instant messaging, а сето тоа ги надополнува WAP 2.0 и HTML прелистувачот. Телефонот работи на 3G мрежа и dual band мрежа (CDMA 800/1900 и EV-DO). Во телефонот нема инсталирано јава игрички, но нив можете да ги симнете од Verizon сервисот, кој што сервис овозможува даунлодирање на песни, видеа и разни други аликации со помош на EV-DO технологијата. EV-DO (Evolution data only) е новиот upgrade на 3G мрежата, а всушност е broadband wireless екстремно брз интернет, со брзини од 500К до 800К и брзини на аплодирање од 300kbps до 400kbps, што во превод значи, даунлодирање на песна од 7MB ќе биде извршено за 1 секунда. Екстремно брзо, нели? ЕV-DO технологијата поопширно ќе ви ја претставиме во некој од нарендните броеви на Ентер. LG VX 8550 ќе има стандардна Li-lon-ска батерија со капацитет од 950 mAh, или 4h во разговор, или 14 дена во standby режим.

Толку...А, јас мислев дека ќе пишувам уште, ама се надевам дека се ви е кристално јасно. Се додека...не го пробате чоколадово LG VX 8550 и цел живот го чувствувате тој вкус на нешто слатко и убаво, каде и да одите, што да правите.

Ad-Aware 2007 Professional

Malware, Spyware, Adware… до кога?



Ad-Aware 2007 e уште една апликација која не заштитува од преопасните adware-и, spyware-и и мalware-и, и е едно од подобрите изданија на Шведската компанија Lavasoft, со примена на најновите технологии за безболно отстрaнување од вашиот систем.

Многупати сме пишувале за разни malware-и, spyware-и, малициозни софтвери од кои боли глава, и кои само не преплавуваат и не не оставаат мирно да спиеме, и да си уживаме во придобивките на новото време секако мислам на нашите музи, нашите најголеми инспирации за продолжение на остатокот од животот, нашите свети компјутери. Не ме сваќајте погрешно, ама има многу поважни работи на светот од компјутерите. Добро познатата компанија Lavasoft од Шведска, цела година макотрпно работеше за да спакува токму еден производ за широка примена во секој домен од човештвото, а кога мислам на човештвото, мислам на канцелариите, институциите на системот и секако, во нашите домови. Аd-Aware нема да биде во расправии со другите антивирусни апликации, а и не се однесува како антивирусна програма. Значи, Lavasoft добро се потрудиле за нивното ново чедо кое се вика, стандардно Аd-Aware 2007, но со наставка Pro, a oсвен Professional, ja има и бесплатната верзија, но без наставка Pro. Би ви препорачал уште веднаш да и направите upgrade во Pro. Како што веќе спомнавме Lavasoft во текот на летниот период го издаде Ad-Aware 2007 Pro. Еве ви можност поблиску да се запознаете со него. Веднаш по инсталирањето на Ad-Aware 2007 во Program Files ( по дефиниција ), и креирањето на shortcut на десктопот ќе бидете во можност да го стартувате програмот. Ќе ве пречека интересен интерфејс, кој не верувам дека ќе ги збуни и неискусните во оваа област. Од левата страна ( панел ) се наоѓаат веќе познатите Scan, Settings, Ad-Watch, и некои други со кои сега за првпат се запознаваме .Средниот прозорец, или главниот панел ни ги дава разните опции за навигација низ програмата. Првата опција од лево или Status, ни покажува колку инфицирани фајлови биле пронајдени во текот на последното скенирање или воопшто, станувајќи збор и за предходните скенирања. Тука има можност за прегледување на целосните скенирачки процеси, кое време било последното скенирање, кој ден, и слично, и сето тоа може да биде сочувано во посебен Log file во My documents, а по ваша желба може да го сместите и било каде. Втората опција е Scan, би рекол најпаметната и најпотребната опција што ви треба за вашите компјутери. Во главниот панел има два дела, едниот е делот за скенирање, а другиот - помал дел, е опција за давање на наредба на програмот во колку часот и кој ден во месецот, неделата да изврши скенирање, или опција позната како Scheduling. Поголемиот дел во средниот панел е оној за длабоко скенирање ( Full Scan ), брзо скенирање ( Smart Scan ) или желбата на корисникот за посебните фајлови или драјвови кои сака да ги скенира ( Custom Scan ). Новиот енџин на Ad-Aware 2007 дава оптимални услови и голема продуктивност кога станува брзото скенирање ( Smart Scan ), Advanced Code Sequence технологијата, од друга страна, дава многу подобри резултати, кога станува збор за скриените датотеки, архивирани фајлови и скриени spyware-и ( Full Scan ). Трета секција по ред е Аd-Watch. Токму поради оваа опција ви споменавме дека е подобро да ја имата Pro варијантата на Ad – Aware 2007, објаснувајќи го фактот дека во бесплатната верзија оваа секција ја нема, а има толку многу подменија за ваша понатамошна интеракција со апликацијата. Тука има доста за работење и чистење. Како што кажавме на почетокот Ad-Aware 2007 има многу лесен интерфејс, па ист е случајот и со Ad-Watch, така што нема да имате некои поголеми потешкотии. Првата опција од лево е Status, и е истото што го опишав и во главниот Ad-Aware ( нели Ad-Watch е подмени на Ad-Aware ). Втора опција е Reg Shield, поточно тоа е штитот за регистрите, кој е толку многу развиен, така што никакви несакани гости нама да можат да го пробијат. Трето по ред подмени во Ad-Watch е Processes, кој ви кажуваа, т.е ве информира за моменталните процеси во системот и за можните малициозни работи што би ја успорувала неговата работа. Нешто слично како Task Manager во Windows-от ( Ctrl+Alt+Delete ). Четвртата, исто така корисна работа во Ad-Watch e Connect. Со оваа опција вие избирате која интернет страница ќе ја изберете ( нормално ) , а штитот сето време додека сурфате, ќе биде активен. Track Sweap е новата опција во Ad-Watch, и воопшто во Ad-Aware 2007. Новото издание овозможува лесно бришење на вашите траги од сурфањето по интернет, и прелистувачите кои вие ги користите, а и непотребните сетинзи на веќе деинсталираните програми, а кои се уште останати во регистрите и чекаат да се избришат. Опцијата која толку многу и даде до знаење на светската IT јавност дека Lavasoft се професионално ориентирани кон целовкупен – во права смисла на зборот, производ за целосна контрола врз системот, е System Restore Point, нешто слично како и истоимената опција во самиот оперативен систем, што би значело дека вие треба да сте 100 % сигурни дека вашиот систем ќе биде послушен, без страв дека иако, по чистењето би можеле да избришете некој инфициран фајл кој бил по дефиниција инсталиран во Windows – от. Со оваа опција иако би можело сето тоа да се случи, вие ќе бидете во можност да го вратите системот во провобитната состојба, пред да ви се случи несаканото бришење. Последното подмени е Settings. Тука имате можност да штиклирате повеќе ситуации, на пример, Ad-Watch да стартува со самото подигање на системот, да стартува минимизирано и слични сетинзи за кои вие, секако ќе бидете одговорни. Да се вратиме на главниот Ad-Aware 2007. После Ad-Watch во левиот панел, како четврта секција е Web Update, за која нема потреба од некое посебно објаснување, само тоа дека треба повремено да вршите апдејтувања, но доколку имате широко појасна интернет конекција, апликацијата ќе ги направи сите потребни дефиниции наместо вас. На ред е опцијата Tools and Plugins. Оваа опција содржи алатки и плагини. Во алатки се содржани Track Sweap ( којашто малку погоре ја опишавме во Ad-Watch ) и Host File Editor, којашто опција има за цел да ги активира или деактивира околните сервери, ако сте вмрежени ( LAN ). Последни во Аd-Aware сe сетинзите (Settings). Тука се и разните побарувања на корисникот, во смисла на Automatic Update, менување на скин, автоматски скенирања, креирање на Log file и слично.

Аd-Aware 2007 Professional e апликација која без размислување треба да ја имате инсталирано во вашите домашни миленичиња , за да ги оставите да бидат понизни слуги на вашите побарувања и желби, и секако, да ве заштитат од секојдневните опасности кои ве демнеат во светската глобална мрежа.


ЕНТЕР 29


Adobe Ovation

Power Point презентации за уживање

Power Point презентациите станаа наше секојдневие. На секојдневните предавања, без разлика дали станува збор за факултетските, проектите на основците, и секако на компаниите кои ги презентираат своите производи, се води сметка за поголем број на насмеани лица, со што се добива до знаење дека презентацијата е успешна. На сметка на успешноста пристигаат и овациите и ракоплескањата. Токму во подолу опишаниот текст ќе ве запознаеме со нова апликација од Adobe, koja сe нарекува, токму овации, или на англиски Ovation.

Оваа апликација нуди голем број на можности. Основните опции на оваа апликација е претворањето на вашите Power Point презентации во динамични 3D проекти, high definition резолуции, потребни за големите прожектори, и најлесната и најосновната опција, а таа е лесното манипулирање и со Power Point, и со Ovаtion едновремено. Power Point – от може во многу случаи да биде и досаден, и не многу инвентивен, доколку сакате да го разбудите уметникот во вас. Секако мора да се спомене дека мора до го имате инсталирано Office пакетот, и тоа Office 2002/2003/XP или најновиот 2007, од едноставна причина што ќе морате да го напишете текстот во Power Point. Со самата инсталација се додава и Оvation мени со алатки во Power Point. По стартувањето на Ovation ќе ве пречека интересен интерфејс, многу полесен од Power Point. Затоа Ovation, полека се искачува на тронот, превземајќи му го тоа место на Power Point. Интерфејсот е поделен на три дела, и тоа лев панел којшто е поголем, и служи за прикажување на разните темплејти, наречени Power Looks, десен дел кој ни служи за разгледување на слајдот, односно презентацијата, и третиот којшто се наоѓа веднаш под нив е да одлучите колку долго ќе трае слајдот, во зависност од тоа колку долго ќе се обидувате да говорите (презентирате). Во горниот дел се веќе резервираните File, Help, Tools а под нив оддесно се копчињата Choose Look, да одберете кое Power Look највеќе ви одговара, Present, копче кое ви дава до знаење за текстот којшто следи и Options, за опциите во смисла кои реченици да ги изберете на почетокот и завршетокот на презентацијата, или да вметнувате сликички кои можaт да бидат олицетворение на вашата креативност. Оддесно, исто така има три копчиња за навигација, и тоа Start, P и Help. Start служи за започнување на презентацијата, P ви служи за конвертирање од Power Point во Ovation, и Help фајлот кој има околу 150 страници со објаснување за користење. Под овие копчиња се наоѓа и часовникот кој ви покажува колку време ви преостанува до завршетокот на презентацијата, или наједноставно – колку е часот во моментот. Имате две опции за зачувување на сработеното, да го зачувате како презентација во Power Point со .ppt екстензија, или пак, да го експортирате во Ovation Player со .ovp екстензија. Од друга страна, кога станува збор за зачувување во Power Point презентација, ќе бидете во моижност да избирате помеѓу Ovation Style (новиот подобар стил), Power Point Style (обичниот стил) и Custom Style (вашите побарувања во однос на презентацијата), таа може да биде микс и од Power Point и од Ovation. Во средниот панел, како што веќе кажавме се содржани сите темплејти (Power Look). Од нивната лева страна има друго мени за разните Power Look-ови, односно, оние кои се највеќе употребувани, нивната категоризација по име, боја, стил, и неизбежното download-ирање на нови интересни Power Looks.

Успешноста на презентациите нека станат ваше секојдневие, овациите во ниеден момент да не престанат, и имајте успешен живот. Почитувани, ако успешноста се базира на презентациите, тогаш барем еднаш спомнете не за нашата препорака на Adobe Ovation до сите вас.

Со среќа!!!

Дејан Зафировски

Corel Painter Essentials 4



Есенцијално потребна

Спојот помеѓу убавото и корисното, раѓало вредности погодни за самопосакување на човекот како личност. Така се создадени и најголемите уметнички ремек дела на човештвото. Таков е и спојот помеѓу Photoshop и Illustrator. На сметка на овој спој вредните раце од Corel го спакуваа новото чедо Painter Essentials 4. Апликација погодна за сите оние ентузијасти, уметници на кои сликањето им е главна професија.

Сликарството уште од дамнешно време опстојувало и се развивало. Самиот факт за сликите кои се нацртани на карпите во Франција и Хрватска од неандерталецот лично, докажува колку бил развиен човековиот креативизам. Во денешно време сликите имаат посебен лик. Со развитокот на компјутерската технологија, многу повеќе се внимава на развитокот на сликарството и на надежните сликари кои вешто го владеат “изумот на иднината”. Оваа апликација го доловува оној Photoshop фазон, којшто сите ние го знаеме, со таа разлика што иконите коишто се наоѓаат во самата работна околина, се убаво стилизирани и прегледни, па и оние кои се аматери во оваа област брзо и многу лесно ќе се снајдат. Работната околина е поделена на 3 странични панела кои се наменети за менијата со алатки, а средниот (главен) панел е местото одредено за вашата фантазија. Горното мени со алатки од левата страна ги има веќе познатите алатки: Undo, Redo, Freehand, Stright Line, слајдерите за контраст на сликата и за длабочина на боите, додека од десната страна се копчињата со кои се менува вашата работна околина. Тие се Photo Painting (цртеж над слика) и Photo & Painting. Од левата страна се наоѓа вертикално мени со алатки. И таму ги има веќе стандарднизираните копчиња гума, моливче, четка, зум, сечење. Десниот панел служи за разгледување на оригиналната слика, со таа можност што може да ја работите во посебен слој (layer) во средниот панел. На десниот панел се наоѓа и копчето за Auto – Painting, односно Авто – цртање. Start копчето служи за стартување на оваа опција, додека Stop копчето ќе го употребите за да ја запрете. Во Photo & Painting има многу ефекти, од кои како најсовремени и најупотребувани ќе ги споменеме ефектот на дрво, фокус ефектот, Esoterica, светлинскиот ефект, текстурниот и секако, најновиот Van Gogh ефект. Photo Painting табот служи за менување на боите на вашиот цртеж, техниката на цртaње и нормално четкичките. Кога веќе сме кај четкичките, да не заборавиме да ви кажеме дека ново во Corel Paiter Essentials 4 е опцијата Ghost Brush. Овој дух ви го претскажува секое ваше движење на глувчето и ве предупредува за можните грешки. Но, не е се во четкичките. Има и моливче J. Во Photo & Painting табот има два начина да ја употребите на максимално можно ниво работната околина. Палетата со бои ви нуди 88 бои кои можете да ги мешате со што би ја постигнале вистинската боја која вам највеќе ви одговара. Исто како што ги мешаат боите најпрофесионалите сликари. Боите се погодни за разни сликарски тeхники како што се масло на платно, стакло, дрво и секако графика. Инвентивната технологија на Corel koја се нарекува Smart Stroke, го покачува нивото на реализам на сликите. За оние сликари, или оние кои се прокламираат дека се дигиталните сликари на иднината, мора да знаат дека освен со глувче може да се црта и на дигиталните подлоги со моливче. Па повелете.

Сите вие што сакате да сликате со камера, ученици и професори по уметност, ентузијасти и надежни сликари, и сите вие кои барате убав спој помеѓу Photoshop и Illustrator, токму Corel Painter Essentials 4 е апликацијата без која верувам дека не ќе можете.

Дејан Зафировски

ENTER 31

Mozilla Firefox 3 Beta 1



Како нова!

Еволутивниот тим на “огнената лисица” или Mozilla Firefox, ни ја претставува третата верзија од овој интернет прелистувач. Сеуште е во Beta фаза, но ние ќе ви ги претставиме подобрувањата што се направени во оваа долгоочекувана трета верзија.

Mozillа Firefox во времето што измина, а и времето што следува е еден од најчесто користени веб-прелистувачи во светот. Тоа се должи највеќе на намалените хардверски побарувања, за разлика од неговите конкуренти а и подобрата прегледност во самата околина. Новата верзија е со кодно име Gran Paradiso, и е работена според платформата Gecko 1.9, којашто е веб-рендерирачка платформа, за побрза реакција на системот, кон интернет страниците коишто се фото-ориентирани. Станува збор за сликите со поголеми резолуции и нивното многу брзо вчитување од страна на постари компјутерски системи. Тајната на оваа платформа е во помалата потрошувачка на RАМ меморијата и помалата фрагментација на истата. Mozilla Firefox 3 e развивана според барањата на крајните корисници, т.е ние. Новата верзија е повеќе ориентирана кон сигурносните мерки, како што се Malware protection, SSL error pages, Anti-virus интегрирани за ваша поголема безбедност. Кога станува збор за сигурноста мора да споменеме дека ќе имате на располагање една иконка којашто се наоѓа лево во Location Bar, и може да видите во чија сопственост е тој сајт. Исто така ќе имате можност да ги скенирате старите Аdd-on и Plugin eкстензии, да проверите дали се малициозни и да ги инсталирате новите верзии. Интегрираниот анти-вирус ќе ве штити секој пат кога ќе се обидете да download-ирате некоја апликација , секако, ако е инфицирана. Се водело сметка и за новиот Vista. Firefox 3 ги исклучил parental контролите за несакано download-ирање. Лесната интеракција со Моzilla Firefox 3 e проследена со лесното менаџирање на вашите лозинки; новиот интегриран Download Manager, којшто е двапати побрз и може да го зачува она што сте го паузирале за download-ирање, а сте морале да го исклучите компјутерот. Сеуште можете да ги бришете разните Plugins и Add-ons, кои не ви се потребни, а тука е и можноста да го зачувате ва посебен tab она што претходно сте го работеле во Firefox 3. Интегрираната Vista тема е само доказ за она што претходно го напишавме; a тоа е дека се работело многу и на Vista корисниците. Full Page можноста ја има и во тројката, со веќе стандарнизираните shortcut-ови на тастатурата, меѓутоа со подобрени рендерирани страни, текстови и сликички. Mozilla Firefox 3, како и другите прелистувачи ги има менито со алатки и address bar. Во горниот дел на не многу изменетиот интерфејс, односно до копчето Go, од десната страна на address bar-oт се наоѓа копчето Star (ѕвезда), коешто служи за обележување на вашите омилени страници. Во Tools секцијата ќе бидете во можност да ги направите вашите сетирања во врска со Моzilla Firefox 3. Во Тооls ја има опцијата DOM Inspector, којашто има задача да ги напише преголемиот број на линиски кодови потребни за една HTML страна. Нова можност во File, ќе биде опцијата да се зачува веб-страната како сликичка во некој од познатите формати.

Со оглед на тоа што ова е почетна верзија на Beta фазата, мора да знаеме дека ќе има уште работење, уште подобрувања, и пред се, нови корисници на Mozilla Firefox 3. Интеграцијата во Linux и Mac OS X системите, и целосната Windows поддршка, докажува колку еволутивниот тим од Моzilla e во состојба да се искачи повторно на тронот.

ENTER 31

Autodesk Combustion 2008


Комбинирано задоволство

Реномираната канадска компанија Autodesk, го претстави новото издание Combustion со наставка 2008. Според многумина најбараната, најпосакуваната и најпродаваната апликација од светот на визуелните ефекти, графиката и дигиталното цртање. Во Ентер ќе имате можност да ги видите новите имплементирани технологии во новиот Combustion 2008.

Оваа апликација како што веќе кажавме на почетокот e наменета исклучиво за професионалните дигитални артисти. Погодна е за разните реклами, Flash проекти и други презентации наменети за медиумите. Цената од 995$ потврдува само колку е професионално ориентирана. Секако, во Ентер DVD, ќе ја имате Trial верзијата, па секој кој смета дека е доволно креативен, може да ја земе креативноста во свои раце. За разлика од Combustion 4 (претходната верзија), во оваа верзија како примарна опција е вметната Colour Warper. Функцијата на оваа опција е селективната колор корекција; брзите промени на gain, gamma, saturation и контрастот; интуитивната промена на бојата со вметнатите тркалца во самата работна околина и 3D хистограм за прецизен колор мониторинг. Лесниот интерфејс ќе ви овозможи брзо и лесно прилагодување во работната околина, чија пренатрупаност од преголемиот број на табови ќе зависи само од вас. Интерфејсот е поделен на три панела. Најголемиот (главен) панел, е оној дел од работната околина, каде што вашата краеција визуелно ќе можете да ја корегирате; левиот вертикален панел е местото каде што се наоѓаат мултимедијалните датотеки од вашиот хард диск, кои можете да ги вметнете во вашата креација, или пак, веќе сработените документи. Долниот дел е разервиран за третиот панел, којшто ги содржи сите копчиња кои би можеле да ви послужат околу вашите сетинзи за разните слоеви (layers), бои, резолуции и формати. Тука се наоѓаат и веќеспоменатите тркалца за промена на бојата и RGB векторскоп (графичко-векторска величина за промена на длабочината на боите). Новина во Combustion 2008, e и поддршката за OpenGL технологијата, којашто ја намалува побарувачката на големи системски ресурси, а воедно ја забрзува работата на веќе постарите компјутерски системи. Ова го надополнува самиот факт што Combustion 2008 ја намалува потрошувачката на RAM меморијата при real-time процесирањето на сликите или клиповите со висока резолуција. Со OpenGL технологијата се отвара патот и кон 8, 10, 12, 16, и 32-битното процесирање. 3D моделацијата е нешто што бараше специјална графичка картичка во постарите изданија на Combustion. Со оваа верзија ќе немате потреба од нова графичка картичка, а 3D моделирањето е вистинско уживање. Шематскиот приказ на полигоните коишто може да се рендерираат во реално време, со помош на OpenGL, ви овозможува приказ на вистински карактери, гримаси, чувства – ако станува збор за хумани анимации; или пак реални експлозии, огнови, чадови, светлински ефекти на едно место. Генерирањето на буквите ќе ве стави во положба и самите да пробате да цртате графити, но ја има и можноста за поддршка на Adobe PostScript фонтови и арапските и кинески (десно кон лево) фонтови. Секако тука станува збор и за 3D моделирање на фонтовите и нивна анимација. Timewarp опцијата која може да ја најдете во секцијата Tools > Effects во долниот панел има задача да го забрза или успори времето на вашата анимација или клип – опција позната како slow-motion. Маските, Freehand, Rectangle и Ellipse Тools, се алатките кои ја имаат истата примена како и во Photoshop, Corel Painter, After Effects. Филмските алатки се уште една новина во Combustion 2008. Можете да го експортирате сработеното во WMA, AVI и Quick Time формати, но и да ги интегрирате како посебни секвенци во вашата монтажа, на филмската лента. Брановите што ќе ги забележите веднаш под филмската лента се аудио ефектите во вашиот филм (реклама), исто така со поддршка на WAV, AIFF, WMA и Quick Time форматите. Сработените видео материјали може да ги зачувате во PAL, NTSC и HDTV стандардите.

Ова беа само дел од новите имплементирани технологии во Combustion 2008, но просторот не ни дозволува да набројуваме уште. Со оглед на цената, се надеваме дека ве заинтригиравме со можностите и чудата што ни ги нудат Аutodesk, со нивниот најпродаван (секако, после AutoCad) продукт, Combustion 2008.

ENTER31

Smart Draw 2008



„Паметен“ асистент

Сте се запрашале ли некогаш дали има апликација која би ги споила архитектите, докторите, адвокатите, бизнисмените на едно место. Не, баш во буквална смислаJ . Но, токму докторите, адвокатите, бизнисмените мечтаат за една таква апликација, преку која би можеле да ги подредат сите свои пациенти во еден графикон, да ја измерат процентуалната застапеност на производите во некој маркет.. Таква апликација е SmartDraw 2008. Се надеваме дека ќе ве увериме, дека сите ја сакаат.

Оваа апликација е kako и повеќето кои излегуваат во последно време, којашто не е во сопственост на Microsoft, а го има познатиот интерфејс на новиот Office 2007. Сите вие кои сте го „разработиле“ Office 2007, ќе немате никаква пречка да го совладате SmartDraw 2008, на брз и лесен начин. Додека, пак, оние кои немале можност да се сретнат со Office 2007, уште веднаш да им кажеме дека нема место за паника. Интерфејсот е многу лесен, прегледен, и сите ваши проекти ќе ги изработите само во три чекори. Имено, интерфејсот е поделен на три панела. Левиот, кој е вертикален е местото наменето за проекциите, кои верувајте ги има премногу. Нормално, затоа оваа апликација е како за домашна, така и за канцелариска употреба. Средниот (главен) или Smart панел, е големиот простор каде што вие ќе можете да изберете еден од понудените темплејти и да го едитирате. Горниот дел е местото за менито со алатки, или новиот назив Ribbon tab. Тука се наоѓаат веќе познатите копчиња Home, Design, Insert, Page, Table, Chart, Picture и Help, со подобрени визуелни икони за ваша поголема прегледност во работата. Над нив се наоѓаат копчињата за експортирање на вашите документи во .doc, .ppt, .xls или PDF формати. Левиот панел е поделен т.е категоризиран според крајните корисници. Поделбата е изразена преку две копчиња Standard и Activities. Во секцијата Standard прва опција е Calendars. Со оваа опција можете да направите календари, со едноставно вметнување на ваши слики и ваши текстови. Календарите може да бидат поделени на академски, годишни и фото-календари. Следна опција се графиконите (Charts). Оваа опција е далеку понапредна од Office 2007. Сега ќе можете да го направите својот графикон, дијаграм во само три чекори. Со помош на SmartTemplate технологијата, вие ќе треба само да го изберете темплејтот, да ги внесете потребните информации во Smart панелот, без потреба од Excel табели; и SmartDraw 2008 ќе го направи графиконот наместо вас. Секако, ќе имате можност да го исполнувате графиконот, боите и да вметнувате текстури. Опцијата која ќе ги таргетира докторите се вика Family Trees. Тука генетичарите ќе бидат во можност без проблем да нацртаат родословно дрво, и без мака да ги објаснат причините (носителите) на болеста во семејството. Floor Plans е следната опција од која градежните архитекти ќе бидат многу задоволни. Има планови за кујни, ресторани, училници, факултети, хотели.. Добра работа е што ќе можат да ги нацртаат нивните визии, на многу лесен начин со помош на моливчето и линијарот. Flow Charts и Organization Charts ќе ви се најдат во многубројните секојдневни обврски, да испланирате по кој редослед ќе ги завршите. Landscape Plans e уште една опција за уредување на домот, или поточно кажано за уредување на дворот. Тука ќе имате на располагање разни фонтани, тревници, и сето тоа, пред да биде конечно изработено во вашиот двор. SmartDraw 2008 има опција и за набљудување на светските мапи. Тие се поделени во неколку категории, и тоа: тематски мапи, маркетиншки мапи, светски мапи и мапи на САД. Со помош на Google Maps, илустрациите на мапите ќе бидат со GPS координати, граници, речни подрачја за ваша подобра прегледност. Веб-дизајнерите не се исклучени од листата на SmartDraw 2008. Во секцијата Web Design ќе имате на располагање многу Page Layouts и Site Maps. И почетниците во Веб дизајнирањето, ќе се чувствуваат како вистински професионалци со оваа „паметна“ апликација.

Опции многу – простор за пишување малку. Се надеваме дека ве уверивме дека SmartDraw 2008 е апликација погодна за сите вас. За бизнис светот, за докторите, за градежниците, за адвокатите и за сите оние на кои денот им започнува и завршува пред компјутер.

Дејан Зафировски



ЕНТЕР 32

Comodo Firewall Pro 3


Огнена заштита

Кога последен пат сте се запознале со бесплатен софтвер кој ги има сите бенефиции и услуги, како и оној за кој сте платиле и по неколку стотици долари? Уште потрагичен е фактот што ретки се бесплатните софтвери со заштитна улога. Comodo Firewall Pro 3, e бесплатна апликација за секој дом и секоја канцеларија. Разните Spyware-и, малициозни софтвери, хакерски напади ќе бидат ваши ретки гости.

Секојдневните ваши прошетки по глобалната мрежа, можат да резултираат со разни напади, вируси со што е нарушена вашата безбедност. Comodo Firewall Pro 3 ќе биде ваш “bodyguard” во сите ваши намери да се „прошетате“. Нападите од хакерите ќе се обиде да станат ваше минато. Веднаш по инсталацијата, ќе бидете предупредени дека мора да го рестартирате вашиот компјутер. По рестартирањето ќе забележите дека вашиот ценет компјутер побавно реагира на вашите команди од вообичаено. Меѓутоа, веднаш ќе забележите дека во долниот дел на таск-барот, над task-tray иконата од Comodo Firewall Pro 3, има едно „балонче“ во кое пишува „Defence+ Learning” или „Заштитата учи“. Тое е нова имплементирана технологија која се интегрира во вашите регистри и меморија. Со Defence+ ќе бидете известувани за сите можни напади или вируси, а и за апликациите кои ќе ги инсталирате во вашиот компјтер. Исто така, ќе ве штити и од root-kits, мемориските инјекции, и ќе бидете 100% сигурни дека никакво неовластено работење, би можело да ви направи штета во системските фајлови или регистрите. Кога кажавме „побавно реагира на вашите команди“, мислевме 2 до 3 минути, додека „научи“ се што е во врска со вашиот компјутер. Comodo Firewall Pro 3 е комплетно „позадинска“ апликација. Интерфејсот е многу лесен за употреба. Горниот дел е наменет за логото на Comodo и за копчињата Summary, Firewall, Defence+ и Miscellaneous. Кога ќе го кликнете копчето Summary, во главниот панел ќе ви бидат објаснети сите одбрани во мрежата, колку апликации се вршат моментално, и колку и кои апликации биле блокирани за ваша поголема безбедност. Од десната страна се наоѓа едно помало панелче кое ви го покажува досегашниот сообраќај, како и Тips & Tricks, но и Highlights за новите теми за разговор на Comodo форумот. Секогаш кога ќе имате потенцијално присуство на вирус ќе бидете известувани со Pop-up алармот. Секое балонче или Pop-up во себе содржи објаснување каква апликација планира да се интегрира во регистрите и дали таа е малициозна. На вас е да одлучите дали ќе ја блокирате или ќе оставите да се интегрира дадената апликација. Исто така Comodo Firewall Pro 3, ќе ја анализира секоја апликација посебно, и нејзиното однесување ќе го оценува според условите за напад. Може да ја детектира секоја Trojan-ска активност, и тоа во DLL/Code инфекциите. Секој напад на хакерите кон секој компјутер, е тоа, прво да го исклучи алармот на антивирусната програма, или во нашиот случај „огнениот“ ѕид. Тоа го прават со незабележително инфилтрирање во регистрите, па секоја нивна активност е незабележителна и за нас. Во секцијата Defence+, ќе го отворите подменито My Protected Registry Keys, во кое ќе ги најдете сите ваши регистри, вклучувајќи ги оние од Comodo. Нападите нема да успеат благодарение на оваа опција. Новиот енџин кој го носи името Advanced Network Firewall Engine, ви нуди висока мерка на претпазливост. Оваа технологија го прави вашиот компјутер и вашата интернет конекција невидливи за новите malware, spyware, хакерските напади и скенерите нa IP адреси. Бидете сигурни дека никој нема да ја забележи вашата IP адреса. Comodo Firewall Pro 3 e препознаен од Windows XP / Vista Security Center како „огнен“ ѕид на кој може да му се верува.

Нашиот предлог да го инсталирате Comodo Firewall Pro 3, не мора да го прифатите. Колку за информација: на Leak тестот, којшто е тест за способностите да се справат разните апликации од типот на Comodo, со новите вируси, root-kits, malware-и, Comodo Firewall Pro 3 e неприкосновен на врвот. Па, видете.

Дејан Зафировски



Oвој текст е од последниот број на „ЕНТЕР-СПИСАНИЕ КОЕ СИТЕ ГО РАЗБИРААТ“ или 32